Член на здружението може да стане секој полнолетен граѓанин државјанин на Република Македонија, странец кој има постојан престој или повремено престојува на територијата на Република Македонија повеќе од една година како и секое правно лице регистрирано кај надлежен регистар во Република Македонија коешто ги прифаќа програмата и статутот на здружението и доброволно пристапува кон истото со цел да ги поддржи целите и дејствувањата на здружението.