HPV вакцината во превенција и терапија

Постигнат е значнтелен напредок во развојот на вакцини против папнлома внрусните ннфекции. Експресијата на главниот капсиден протеин L1 во квасните габи и клетки од инсекти, било да е самостојно или заедно со L2, води до собирање на честички (партикули) слични на вирусот (VLР) кои морфолошки се идентични со самите внрусни честички. Понатаму, овие VLP се присутни во конформациските епитопи потребни за создавање на висок титар на неутрализирачки антисерум. L1 VPL се високо имуногени и индуцираат високи титри на неутрализирачки антитела кои се конформациски зависни и специфични за дадениот тип.

Мегск и GlaxoSmithKline создадоа НРV VLP-базирани вакцини, при што и двете вакцини се покажале ефикасни во претклиничките испитувања и испнтувањата за докажување на ефикасноста во кои што е евидентирана речнси целосна заштита кај комплетно вакцинираните жени против перзистентната инфекција или со дисплазија која се должи на типот на НРV кон кој е насочена самата вакцина. Сега се покажа дека високата запггита е долготрајна и со двете вакцини, при што нивото на серумските антитела е за една единица повисоко отколку утврденото ниво по инфекцијата. Се чини дека заштитата е претежно специфична за типот. Американската администрација за храна н лекови (FDA) потврди дека вакцината Мегск претставува четиривалентна вакцина нгго содржи VLP од НPV-16, НРV-18, НРV- 6 и НРV-11. GlaxoSmithKline наскоро ќе ги заврши испитувањата за вакцината од фаза III, која е двовалентна, а се состои од НРV- 16 и НРV-18 VLP со адјувантна намена. Ќе пристигне и следната генерација на VLP вакцини кои со вметнување на VLP од други типови на НРV ќе штитат и од други НРV инфекции. Само 70% од цeрвикалните канцери се предизвикани од НРV-16 или НРV-18, додска останатите се предизвикани од други високоризични типови на НРV.

И покрај успехот на VLP вакцините, постојат неколку важни и неразрешени прашања. На пример, колку долго ќе трае заштитата и дали вакцината ќе има некаква терапевтска ефикасност? Клиничките испитувања се завршени само за жените, па се додека не се соберат податоците околу ефикасноста кај мажите, вакцината може да се препорача само за жените. Имуниот одговор на VLP е мошне предодреден според типот, а утврдена е само минимална вкрстена заштита против типовите на НРV што не се присутни во вакцината. Понатаму, VLP вакцината е скапа и нестабилна на топлина, а овие две карактеристики може да ја попречат нејзината употреба во земјите во развој, каде што има најголем број случаи на цервикален канцер.

Ефектот на НРV вакцините во намалувањето на бројот на инфекции што се поврзани со НРV типовите во вакцините ќе се утврди многу порано отколку влијанието врз инциденцата на цервикалниот канцер, за пгго се потребни и децении. Ова, заедно со фактот дека сe уште постојат многу онкогени типови на НРV пгго можат да предизвикаат цервикален канцер, а за кои вакцината не помага, всушност значи дека за вакцинираните жени ќе биде важно да продолжат со скринингот за цервикален канцер. Се чини дека ќе следат и дополнителни методи за подобрување на вакцината. Употребата на L2 претставува потенцијален алтернативен метод за развивање на профилактичка вакцина против поширокиот спектар на НРV типови. Иако не се имуногени како L1 епитопите на неутрализација, барем дел од L2 епитопите на неутрализација индуцираат антитела со вкрстена неутрализација на папилома вирусите од различни типови. Покрај тоа, модификациите на L1 капсидниот протеин овозможуваaт самостојно собирање на капсомери што се мошне имунопротективни; можат да се создадат во бактериите и истите се постабилни.

Поврзани вести

Популарни вести

СТАНИ ЧЛЕН НА
ФЕМИНА М