(World Health Organization)
Што е рак на грлото на матката?
• Грлото на матката е долниот дел од матката, кој што се припојува со врвот на завршетокот на вагината
• Сексуално преносливиот Хуман Папилома Вирус (ХПВ) е причинител за речиси сите случаи на ракот на грлото на матката
• Достапни се две вакцини кои превенираат ХПВ инфекции со 2 типови на кои ги предизвикуваат 70% од сите типови на ракот на грлото на матката
• Грлото на матката во кое постои присуство на постојана ХПВ инфекција може да развие “преканцерозни“ лезии, кои ако се дијагностицираат во рана фаза можат да бидат излекувани
• Вообичаено, периодот од појавата на ХПВ инфекцијата до појава на рак на грло на матка трае околу 10 години
• Поради долгиот временски период помеѓу ХПВ инфекцијата и развојот на канцер, има многу можности за жените да имаат придобивка од рана детекција и третман на преканцерозните лезии пред тие да се трансформираат во рак
ВИСТИНА: Ракот на грлото на матката може да се превенира. Сеопфатниот пристап кон ракот на грлото на матката во комбинација со редовната вакцинација против ХПВ пред стапување во сексуални односи, како и скрининг методите и третманот на преканцерозните лезии, можат да ја направат оваа болест минато.
РИЗИК ФАКТОРИ ЗА РАК НА ГРЛО НА МАТКА ХПВ е најчестата сексуално пренослива инфекција и во најголем број на случаи, исчезнува сама по себе. ХПВ инфекцијата ги предизвикува скоро сите случаи на рак, но сепак има и други ризик фактори кои делувааат на појава на оваа болест.
ФАКТИ Покрај инфекцијата со високоризичен ХПВ, следниве фактори го зголемуваат ризикот за појава на рак на грлото на матката:
•
Употребата на тутун: Жените кои пушат се со двојно зголемен ризик од појава на рак на грлото на матката, за разлика од жените кои не пушат. Пушењето, самостојно, е одговорно за околу 30% од смртните случаи од цервикалните канцери во САД.
•
Имање многу деца: Жените со седум или повеќе раѓања имаат до четири пати зголемен ризик од појава на рак на грло на матка за разлика од жените кои не родиле.
•
Долгорочна употреба на орални контрацептиви: Користење на орални контрацептиви за 5 години или повеќе може да го зголеми ризикот од рак на грлото на матката и до четири пати кај жените кои имаат ХПВ инфекција. Овој зголемен ризик може да биде поврзан со податокот дека сексуално активни жени имаат поголем ризик да станат инфицирани со ХПВ. Сепак, не постои сомнеж дека придобивките од користењето на орални контрацептиви ги надминуваат ризиците за поголемото мнозинство на жени кои ги користите. Ризиците може да се ублажат преку доследен скрининг на жените за преканцерозни лезии.
•
Ослабен имунолошки систем: ХИВ-позитивни (вирусот на хумана имунодефициенција) жени имаат 2 до 12 пати повеќе веројатност да развијат преканцерозна лезија која може да се премине во инвазивен цервикален карцином.
•
Други сексуално преносливи инфекции: Жени кои се коинфицирани со ХПВ и друга сексуално пренослива инфекција, како што се хламидија или херпес, се со поголема веројатност да развијат цервикален карцином отколку жените кои не се коинфицирани.
ГРЛОТО НА МАТКАТА И ХВП ВАКЦИНИТЕ Вакцинацијата против ХПВ нуди можност да се спречи голем дел од идните ракови на грлото на матката. Сепак, тоа не ја елиминира потребата за скрининг бидејќи тековните вакцини нудат заштита само против ХПВ типови кои се одговорни за околу 70% од случаите на рак на грлото на матката .
ФАКТИ
• СЗО препорачува 3 дози од вакцината да се администрираат во рок од шест месеца кај девојчињата на возраст од 9-13 во земјите каде што ракот на грлото на матката претставува јавен здравствен приоритет, воведот во вакцинирањето е изводливо и може да се обезбеди одржливо финансирање.
• Исто така, воведувањето на ХПВ вакцината не треба да ги поткопува или пренасочи финансиските средства од ефективни скрининг програми за цервикален рак.
• Почнувајќи од октомври 2012 година, во 51 земји биле воведени ХПВ вакцините во распоредот на нивната национална имунизација, првенствено насочени кон адолесцентките. Меѓу нив, само 5 се земјите со помал или среден приход и 1 земја е со низок приход.
• Трошоците се бариера за навлегувањето на вакцината, особено меѓу земјите со низок и среден приход. Има неколку механизми за да се ублажи оваа бариера. Како и да е, истражувањата покажале дека ХПВ вакцината е многу ефективна споредено со тоа колку чини.
СКРИНИНГ И ТЕТМАН НА ЦЕРВИКАЛНИОТ КАРЦИНОМ Постојат доволно докази дека редовната проверка преку организирана програма со контрола на квалитетот на секој клучен чекор може да ја намали смртноста од рак на грлото на матката за 80% кај оние жени кои направиле скрининг.
ФАКТИ
• Дури и еден скрининг тест на возраст од 30 до 40 години може да го намали животниот ризик на жената од рак на матката за 25 до 36%.
• Базирани брз цитологија (Папаниколау или ПАП) скрининг програми во развиените земји довеле до голем пад на случаи на рак на грлото и смртни случаи. Сепак, слични програми имале помалку ограничен импакт во земјите во развој што довело до потребата да се истражуваат алтернативи за цитологијата.
• Навистина, во местата каде што здравствените ресурси се ретки, тие треба да бидат насочени кон ефективни стратегии кои се повеќе достапни и чиј квалитет може да се земе во предвид.
• Последните случувања во технологијата приспособени за места со ниски ресурси ги направиле скринингот и третманот на цервикалните преканцерозни лезии изводливи и високо ефективни за сите земји.
• Најефикасна и најефективна стратегија за откривање и лекување на ракот на грлото на матката т.е. преканцерозите во места со ниски ресурси е скрининг со користење визуелна инспекција со оцетна киселина или тестирање за присуство на ХПВ ДНК, а потоа истите да се третираат со користење криотерапија (замрзнување на абнормалното ткиво).
• Користење на визуелна инспекција со оцетна киселина или тестирање за присуство на ХПВ ДНК нудат можност за вршење "пристапи за скрининг и лекување", при што криотерапијата може да биде понудена за лекување на преканцерските лезии истиот ден или многу наскоро по скринингот и без да се бара потврда од дополнителен дијагностички тест. Ова помага во избегнување на губење на пациентките да се третираат после дијагнозата.
• Подигање на свеста во рамките на заедниците може да ги намали бариерите кои ги спречуваат жените да ги користат постоечките превентивни услуги. Се покажало дека кога еднаш луѓето ќе ги разберат основните информации за цервикалниот карцином и знаат како да пристапат до услугите, тие имаат тенденција да дојдат и да ги користите овие услуги.
КЛУЧНИ ПОРАКИ
Грлото на матката може да се спречи. Повеќето случаи на рак на грлото на матката може да се избегнат доколку ефикасни и економични стратегии за заштита од ракот на грлото на матката се воведат во сите земји.
ХПВ вакцинацијата, самостојно, нема да го елиминира ракот на матката. Најдобрата стратегија за намалување на глобалниот товар од ракот на грлотото на матката е да се комбинираат скрининг на жените и третман со имунизација против ХПВ за девојчињата.
За да се справат со ракот на грлото на матката, земјите исто така мора да се посветат и на различните фактори на ризик кои можат да се спречат, како што се употребата на тутун.
Национален план за контрола на ракот треба да се развива и да се спроведува со учество на повеќе сектори. Тој може да вклучува едукација, превенција, рано откривање, лекување и палијативна нега, земајќи ги предвид ефективните решенија прилагодени на националните поставки и човечките, финансиските и медицинските ресурси на земјата.