Во рамките на проектот 4P-CAN за истражување на персонализирана примарна превенција од рак со граѓанско учество и овозможување на дигитални и социјални иницијативина на
05 декември 2023 година, се одржа
вебинар на тема
“Препораки за подобрување на националната стратегија за превенција од рак на грло на матка”. Вебинарот беше организиран во соработка со Здружението на приватни гинеколози - акушери на Република Македонија (ЗПГАМ) и Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања ФЕМИНА М Скопје, а предавач беше Доц. д-р Игор Алулоски од ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство,Скопје.
На вебинарот присуствуваа над 800 учесници и беше акредитиран преку Лекарската Комора на Македонија.
Вебинарот можете да го погледнете на следниот линк:
Препораки за подобрување на националната стратегија за превенција од рак на грло на матка - YouTube