Актуелно

Прес конференција за одбележување на Јуни-месец за подигнување на свеста за ендометријален карцином




ЈЗУ УК за Гинекологија и акушерство од Скопје и Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања ФЕМИНА М , во рамките на одбележувањето на Јуни-месецот за подигнување на свеста за ендометријален карцином (рак на ендометриум на матката), на 28 јуни 2024 година одржаа прес конференција за промоција на првата европска брошура за ендометријален карцином.

Брошурата во печатена форма е достапна за пациентите на ЈЗУ УК за Гинекологија и Акушерство и на ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија во Скопје

На прес конференцијата свои обраќања имаа:

- Проф. д-р Викторија Јовановска - медицински директор на ЈЗУ УК за Гинекологија и акушерство, Скопје
- Проф. д-р Игор Алулоски, спец.гинеколог-акушер, субспецијалист по оперативна гинекологија и онкологија, ЈЗУ УК за Гинекологија и акушерство, Скопје
- Проф. д-р Виолета Клисаровска, спец.радиотерапевт-онколог,субспецијалист по гинеколошка онкологија, ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, Скопје
-Мирјана Бабамова- потпретседател и програмски менаџер- Здружение ФЕМИНА М

* Инциденцата на ендометријалeн карцином бележи значителен пораст во последната деценија. Бројот на новодијагностицирани случаи во Европа во 2020 година изнесува 130.051 согласно податоците на Global Cancer Observatory - IARC.

* Согласно податоците на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија бројот на новодијагностицирани случаи со ендометријален карцином во Македонија за 2021 година изнесува 254, споредено со 2012 година кога бројот изнесувал 128 новодијагностицирани случаи.

* Генерално, овој тип на карцином има добра прогноза,благодарение на раното дијагностицирање. Во споредба со ракот на грлото на матката, сè уште не постојат скрининг-методи за превенција од ендометријален карцином.

Линк за пристап до брошурата : Информации за ендометријален карцином 



 

Популарни вести

СТАНИ ЧЛЕН НА
ФЕМИНА М